Домашно тоблероне

Домашно тоблероне

Направете неодолив десерт кој потсеќа на оригинално тоблероне чоколадо…

Состојки:

  • 300 гр чоколадо
  • 300 гр лешник
  • 3 јајца
  • 300 гр путер
  • 300 гр бисквити
  • 300 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Карамелизирајте 200 гр шеќер и измешајте во карамелот 200 гр препечени лешници. Измешајте и ставете ја смесата на намастена чинија да се излади.
  2. Остатокот од шеќерот пенесто разматете го со јајца. Путерот посебно разматете го па соединете го со јајцата, додајте растопено чоколадо и 100 гр мелени лешници.
  3. Ситно исечкајте ја стврднатата маса од лешници и измешајте ги парчињата во другата смеса, па додајте мелени бисквити. Масата добро измешајте ја за убаво да се соедини и ставајте од неа во калапи. Оставете да стегне во фрижидер.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text