Бомбици од кикирики

Бомбици од кикирики

Слатките топчиња можете да ги извалкате во мелени бисвити, кокос или да ги прелиете со чоколадо.

Состојки:

  • 200-300 гр кикирики
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр ореви
  • 100 гр бисквити
  • сок од 1 лимон
  • кокосово брашно, чоколадо или бисквити за посипување на бомбиците

Начин на подготовка:

  1. Сомелете ги кикириките, додајте маргарин и сок од лимон. Убаво соединете, додајте иситнети ореви, а на крај мелени бисквити.
  2. Сè добро измешајте, правете мали бомбици од смесата и извалкајте ги во кокос (ореви, чоколадо, мелени бисквити или нешто друго).

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта