ЛЕСНО И ВКУСНО: Неодолив крем од лешници

ЛЕСНО И ВКУСНО: Неодолив крем од лешници

Наместо да купувате намази кои се полни со шеќери и адитиви, обидете се за неколку минути да го направите овој превкусен крем и сигурно ќе уживате.

Состојки:

  • 200 гр лешник
  • 150 гр црно чоколадо
  • 150 мл кокосово млеко
  • 2 лажици мед
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Испечете ги лешниците во рерна на 135 степени 15 минути.
  2. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете му ја лушпата.
  3. Сомелете ги лешниците во блендер додека не добиете прав.
  4. На ниска температура растопете чоколадо во млеко, па додајте мед и сол. Кога ќе добиете ретка смеса оставете ја да се излади во фрижидер.
  5. Изладената смеса од чоколадо измешајте ја со прав од лешници и вашиот крем е подготвен за сервирање.
  6. Кремот послужете го со сладолед, палачинки…

Повеќе на Готви.мк:

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text