Ролат од готови кори со шунка и сирење

Ролат од готови кори со шунка и сирење

Малку поинаков ролат кој се прави од готови кори за пита!

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • сол
  • 250 гр шунка
  • 100 мл кечап
  • 300 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, јогурт, масло и сол.
  2. Поделете ја кората на 2 дела. Секоја кора премачкајте ја со фил и редете една на друга. Последната премачкајте ја со кечап.
  3. Наредете шунка и 150 гр рендан кашкавал. Свиткајте.
  4. Постапката повторете ја со останатиот дел од кората. Двата ролати премачкајте ги со фил.
  5. Печете во длабоко загреана рерна на 220 степени, додека ролатот не добие светла браун боја.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос

 

singlepost_text