Солен чизкејк

Солен чизкејк

Популарниот десерт доби и своја солена верзија.

Состојки:

  • 300 гр солени крекери
  • 250 гр маргарин
  • 1-2 лажици павлака

Состојки за фил:

  • 500 гр сремско сирење
  • 250 гр обично сирење
  • сол
  • сенф

Состојки за горен слој:

  • 150 гр зеленчук по избор
  • 150-200 гр шунка
  • 1 кесичка желатин
  • магдонос
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Сомелете ги крекерите и замесете ги со путер и павлака. Тестото растегнете го со раце во калап.
  2. Двете сирења измешајте ги со зачини и добро измиксајте ги, па ставете ги преку подлогата.
  3. Шунката ситно исечкајте ја. Зеленчукот сварете го и разладете го, измешајте го со шунката и ставете го преку сирењето.
  4. Растопете желатин по упатство и разладен полека ставете го преку солениот чизкејк. На крај посипете со ситно сечкан магдонос и бибер.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани