Печеница со суво овошје

Печеница со суво овошје

Посебна нота на месото му дава сосот од оригано…

Состојки:

  • 200 гр мешано суво овошје (кајсии, сливи, крушки)
  • 600 мл супа
  • 1,2 кг свинска печеница
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 1/2 лажица оригано
  • 100 мл слатка павлака
  • 1-2 лажици густин

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го сувото овошје и омекнете го во топла супа. Месото побиберете го и испржете го од сите страни на врело масло
  2. Во месото додајте го омекнатото овошје, заедно со супата. Додајте и оригано, поклопете и крчкајте на средна температура околу 45 минути.
  3. Додајте слатка павлака. Гответе додека не зоврие, потоа  измешајте разматен густин и повторно кратко гответе.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?