СУЛТАНОВА САРМА: Секогаш ќе барате парче повеќе

СУЛТАНОВА САРМА: Секогаш ќе барате парче повеќе

Колач од кој секогаш ќе барате повеќе…

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 1 шолја брашно
  • 1,5 шолја густин
  • 2 шолји шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр маргарин
  • 100 гр кокос
  • 100 – 150 мл слатка павлака
  • 100 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Измешајте густин, брашно, шеќер, какао, ванилин шеќер и 250-300 мл млеко. Остатокот ставете го да зоврие.
  2. Кога млекото ќе зоврие измешајте ја смесата.
  3. Во голем плех посипете кокос и распоредете рамномерно секаде, пртресете ја тепсијата. Преку кокосот ставете го зготвениот „пудинг“. Ставете вода, по цела тепсија. Кога ќе го развлечете рамномерно, оставете да се излади, па ставете во фрижидер 30 минути.
  4. Разматете слатка павлака или шлаг (разматен со кисела вода), па премачкајте преку „пудингот“.
  5. Исечете на правоаголни парчиња, па секое парче свиткајте го. Секоја „сарма“ посипете ја со кокос.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text