Пилешко месо со дуњи

Пилешко месо со дуњи

Дуњите му даваат на пилешкото месо неверојатен вкус…

Состојки:

  • 4 пилешки филети или батаци
  • сол, бибер
  • 2 дуњи
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажички мајчина душица
  • 250 мл пилешка супа
  • 150 мл бело вино
  • 200 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Месото посолете го и побиберете го. Дуњите измијте ги и издлабете ја средината, па исечете го овошјето на парчиња. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Во тава која може во рерна, загрејте лажица путер и маслиново масло, па испржете го месото од двете страни. Додајте мајчина душица, ставете ја тавата во рерна и печете 8 минути.
  3. Парчињата дуњи динстајте ги на лажица путер, околу 15 минути. Извадете ги и оставете ги на топло. Во едно тенџере налејте супа и вино, па згответе. Измешајте павлака, повторно гответе, посолете и побиберете.
  4. При сервирање на овал ставете го состо, преку него наредете го месото и дуњите, па украсете со мајчиња душица.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л