Фалафел

Фалафел

Овие вкусни топчиња можат да бидат одличен прилог или лесен оброк.

Состојки:

  • 200 гр сува леблебија
  • 2 чешниња лук
  • магдонос
  • коријандер
  • нане
  • кромид
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • сол
  • 4 лажици сок од лимон
  • 2-3 лажици сусам
  • 1 л масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Леблебиите потопете ги во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ. Потоа измијте ги и оставете ги да се исцедат.
  2. Исчистете го лукот. Измијте ги билките, исцедете ја водата од нив и искинете ги. Леблебиите, лукот и зачините два пати сомелете ги во машина за мелење месо.
  3. Исчистете го кромидот, измијте го и исечкајте го. Измешајте кромид, прашок за пециво, ким, коријандер, 1/2 лажичка сол и сок од лимон со леблебиите.
  4. Од смесата со влажни раце правете топчиња и извалкајте ги во сусам. Маслото загрејте го на 160 степени, па пржете ги топчињата околу 4 минути.
  5. Наредете ги топчињата на кујнска хартија да се исцедат.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*