ОВА Е ПОВЕЌЕ ОД ДЕЛИКАТЕС:  Посна солена бајадера

ОВА Е ПОВЕЌЕ ОД ДЕЛИКАТЕС:  Посна солена бајадера

Направете посна солена бајадера од која ќе си ги излижете прстите. Совршена е за празничниот период.

Состојки:

  • 800 гр посен кашкавал
  • 200 гр маргарин
  • 50 гр презла
  • 100 гр сусам
  • 200 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • 3 кисели краставички
  • ½ лажици црвен пипер
  • 1 лажица магдонос
  • 5 лажици бело вино
  • 100 гр кашкавал за декорација

Подготовка:

  1. На тефлонска тава се пржи сусамот додека не порумени.
  2. На масло се пржат кромидот и печурките, се динста, па се додава и лукот. Се става сол, бидер и зачини по вкус.
  3. Кашкавалот се ренда ситно, па се мати со маргаринот. Се дели смесата на три дела.
  4. Во првиот дел се става презла и сусам, и се додава белото вино, па се меша да се соедини.
  5. Во вториот дел се става црвениот пипер и шампињоните, а во третиот магдонос и краставичките.
  6. Секоја смеса се меша убаво да стане хомогена, па се редат слоевите еден на друг, како бајадера.
  7. Се декорира со кашкавал одозгора.

Повеќе на Готви.мк:

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо