ПОГАЧА СО ЈАЈЦА: Секој ручек го прави совршен!

ПОГАЧА СО ЈАЈЦА: Секој ручек го прави совршен!

Лесно се подготвува, а вкусот не се заборава!

Состојки:

  • 6 раце просеано брашно
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 1 чаша масло
  • 1 кесичка квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1/2 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, сол јајца, разматен квасец во малку млака вода и шеќер. Со топла вода замесете тесто како за секоја погача.
  2. Добро измешаното тесто покријте го со чиста платнена салфета и оставете го на топло да надојде. Кога ќе надојде, повторно премесете го и повторно оставете го малку да надојде.
  3. Потоа повторно премесете го тестото и формирајте погача со големина на тепсијата во која ќе ја печете, премачкајте ја со жолчка, избодете ја со вилушка, оставете ја малку да отстои и печете ја на умерена температура.
  4. Погачата послужете ја додека е топла, со кисело млеко или јогурт.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)