Македонија во бело – поларни температури и силен ветер

Македонија во бело – поларни температури и силен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, локално со провејување на слаб снег. Ќе дува силен северен ветер со брзина повремено и од околу 100 километар на час, кој особено ќе биде изразен на планините.Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со силен северен ветер, а можно е да провејува и слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.

И во четврток времето ќе биде променливо облачно, локално ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Од петок следува разведрување и постепено стишување на ветерот. За време на викендот времето ќе биде сончево. На новогодишната ноќ ќе биде ведро, но многу студено со температура под минус 10 степени.

 

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки