Еве во што е тајната на совршено подготвено месо

Еве во што е тајната на совршено подготвено месо

По овој рецепт можете да подготвите било какво месо и тоа ќе биде вкусно и сочно.

Верувале или не тајната на совршеното месо е во маринадата. Еве како да го подготвите.

Состојки:

  • 500 гр месо
  • 2 јајца
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица густин
  • 1 лажичка сол
  • зачини по вкус (бибер, пипер, сув зачин…)
  • 2 лажички сусам

Начин на подготовка:

  1. Најпрво подгответе маринада: Измешајте јајца, густин, сенф, сол, потоа додајте ги омилените зачини.
  2. Исечете го месото на парчиња, и ставете го во маринадата. Измешајте и оставете го во фрижидер. Ви останува само да го испечете.
  3. Во тава, на врело масло пржете го месото од двете страни, посипувајќи го со сусам. Се пече многу брзо. Штом порумени – готово е. Како гарнир со вакво месо можете да послужите динстан зеленчук.

Уживајте во вкусниот оброк!

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки