Поларен студ доаѓа кон Македонија – ќе има ли снежна Нова Година?

Поларен студ доаѓа кон Македонија – ќе има ли снежна Нова Година?

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста, особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.Поради спуштањето на оваа студена воздушна маса во попладневните часови ќе има нагло опаѓање на температурите и врнежите од дожд на некои повисоки места на надморска висина од околу 600 метри во западните делови ќе поминат во снег. Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Минималните температури се движеа од -5 во Битола, -3 Прилеп, -2 Маврово, Струмица и Претор, -1 Скопје-Петровец, Охрид и Лазарополе, 0 Тетово, Штип, Виница и Берово, 1 Крушево, Дебар и Тополчани, 2 Крива Паланка, Скопје и Демир Капија, 4 Куманово, Дојран, Ѓуриште и Гевгелија и 5 степени во Пожаране.

Врнежи се забележани само во Берово, а времето во текот на ноќта беше умерено до значително облачно, поведро беше во југозападните и југоисточните делови. На места дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. Изутринава во северозападните делови е облачно и на планините започна да врне снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со услови за повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Максимална температура до 7 степени.

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за Новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под -10 степени.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта