Поховано пилешко со бадеми

Поховано пилешко со бадеми

Не знаете што да зготвите? Еве предлог – поховано пилешко со бадеми…

Состојки:

  • 800 гр пилешко бело месо
  • 3 лажички сув рузмарин
  • 100 гр мелени бадеми
  • 2 белки
  • пипер
  • сол
  • бибер
  • зачини (по желба)
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечете го на шницли, па исчукајте ги. Шницлите посолете ги и побиберете ги.
  2. Измешајте рузмарин, бадем, пипер, па додајте малку сол и бибер. Белките разматете ги пенесто.
  3. Шницлите прво извалкајте ги во белки, па во смесата со бадеми и рузмарин.
  4. Обложете плех со хартија за печење, наредете го месото, прелијте со малку масло и печете околу 25 минути во рерна загреана на 180 степени. Месото послужете го со салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани