КРЕМАСТ КОЛАЧ 7+7+7: Вкус кој ќе ве освои!

КРЕМАСТ КОЛАЧ 7+7+7: Вкус кој ќе ве освои!

Направете колач кој ќе ве воодушеви!

Состојки за кора:

  • 7 белки
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици остро брашно
  • 3 лажици млака вода

Состојки за фил:

  • 7 жолчки
  • 7 лажици шеќер
  • 6 лажици остро брашно
  • 1 лажица густин
  • 250 гр маргарин
  • 800 мл млеко
  • 100 мл млеко (за преливање)

Состојки за декорација:

  • 1 кесичка шлаг
  • 50 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. За кората разматете 7 белки и постепено додавајте шеќер, брашно и вода. Ставете во намастен плех обложен со хартија и печете на 160 степени додека не порумени (околу 25 минути). Извадете ја кората од рерна штом добие боја.
  2. Додека кората се лади, подгответе фил: добро разматете жолчки, брашно, шеќер, густин и 1 дл млеко. Остатокот  (700 мл) млеко загрејте го, измешајте го со смесата од жолчки, па гответе околу 5 минути.
  3. Изладете го кремот, додајте разматен маргарин и сè добро соединете. Кога кората ќе се излади, избоцкајте ја со чепкалка и прелијте ја со 100 мл млако млеко, а потоа преку неа распоредете го филот.
  4. За декорација разматете шлаг, распоредете преку тортата, па украсете ја со рендано чоколадо и овошје по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Трилече – неверојатно вкусен домашен рецепт

singlepost_text