Пица со свеж домат

Пица со свеж домат

Свежиот домат ја прави пицата лесна за јадење…

Состојки за тесто:

  • 300 гр брашно
  • 1 1/2 дл млака вода
  • 20 гр квасец
  • 2 лажички маслиново масло
  • сол

Состојки за прелив:

  • 150 кашкавал
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 1 голем домат
  • 2.5 дл доматно пире
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Издробете квасец (наместо свеж можете да употребите и 1 кесичка сув), додајте млака вода, брашно, маслиново масло и сол па замесете тесто. Ако е прегусто, додајте уште малку вода. Тестото треба да биде глатко и не смее да се лепи за раце.
  2. На намастен плех префрлете го тестото и растегнете го.  Оставете го да отстои 15 минути.
  3. За тоа време изрендајте кашкавал и исечете домат на кругови. Доматното пире зачинете го со оригано.
  4. Премачкајте го тестото со доматно пире. Наредете шунка, кашкавал, па домат. Посипете со оригнао.
  5. Пицата треба да отстои околу 10 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ја пицата 20 минути.
  6. Кога пицата ќе биде готова, ставете свеж босилек.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text