Запечени компири со шунка

Запечени компири со шунка

Ова вкусно јадење се подготвува многу брзо, а состојките воглавно веќе ги имате во кујна.

Состојки:

  • 6 компири, излупени и исечени на коцки
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици маргарин + 70 гр
  • 3 дл млеко
  • 250 гр шунка исечена на коцки
  • кромид
  • 220 гр кашкавал
  • 1/4 шолја презла
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечените компири ставете ги во големо тенџере, прелијте ги со солена вода и гответе додека не зоврие. Намалете ја температурата и нека струи додека компирот не омекне, околу 20 минути. Извадете ги компирите од тенџере.
  2. Рерната вклучете ја на 175 степени и намастете плех за печење.
  3. Растопете 3 лажици маргарин во тава на средна температура. Измешајте шунка и кромид и динстајте околу 5 минути.
  4. Во компирите додајте мешавина со шунка, а потоа се префрлете во плех за печење.
  5. Остатокот од маргаринот растопете го на средна температура, додајте брашно и непрекинато мешајте додека не добиете глатка смеса. Постепено додајте го брашното, посолете и побиберете. Продолжете да готвите додека не стане густо, околу 2 минути.
  6. Намалете ја температурата, додајте кашкавал и мешајте додека не се растопи.
  7. Прелијте сос преку компирите и шунката, а потоа посипете со презла.
  8. Печете го јадењето во загреана рерна околу 25-30 минути.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство