Леб со маслинки и магдонос

Леб со маслинки и магдонос

Пикантен медитерански леб за уживање во секој залак…

Состојки:

  • 2 главици црвен кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 225 гр црни маслинки од тегла, без коски
  • 750 гр брашно
  • 1 1/2 лажички сол
  • 1 1/2 коцки квасец (63 гр)
  • 3 лажици крупно сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Кромидот излупете го и исечкајте го на тенки прстени. Загрејте маслиново масло, па издинстајте кромид, а потоа изладете. Маслинките добро процедете ги и ситно исечкајте ги.
  2. Добро замесете брашно, сол, квасец, магдонос, маслинки, кромид, како и 475 мл млака вода. Тестото за леб покријте го со крпа и оставете го на топло околу 30 минути.
  3. Потоа тестото уште еднаш премесете го со раце, формирајте 2 векни, па ставете ги на 2 плеха прекриени со масна хартија. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат уште 30 минути.
  4. Рерната загрејте ја на 220 степени. Векните засечете ги со нож од горе, па печете ги околу 40 минути. Извадете ги од рерна, оставете ги да се изладат.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Зелка на поинаков начин

Бујурди – топено сирење

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брускети помодоре

ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз

Брзо мезе за ненајавени гости