Уште вакви скуши немате пробано! (ВИДЕО)

Уште вакви скуши немате пробано! (ВИДЕО)

Оброкот со месо понекогаш заменете го со риба. Ќе бидете и повеќе од задоволни, но и сити.

Состојки:

  • 2 поголеми скуши
  • рузмарин или магдонос
  • маслиново масло
  • 100 мл оцет
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка зачин
  • мелен бибер
  • 4-5 чешниња лук
  • лимон
  • 100 мл бело вино

Начин на подготовка:

  1. Скушата добро исчистете ја. Извадете ја внатрешноста, отсечете ја главата и добро измијте ја од крв. Во тенџере ставете 500 мл вода и 100 мл киселина, па во тоа ставете ја скушата да отстои 30 минути, а потоа извадете ја и добро измијте ја под млаз студена вода.
  2. Во сад ставете сенф, па додајте ситно сечкан магдонос, лук, сечкан рузмарин, маслиново масло, мелен бибер, зачин, па сè добро измешајте. Со тоа наполнете ги скушите и премачкајте ги од горе. Полијте со бело вино и со уште малку маслиново масло.
  3. Прекријте ги рибите со фолија и ставете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа тргнете ја фолијата и печете ги скушите уште 20 минути убаво да поруменат. За време на печењето преливајте ги со маринадата од тепсијата во која се печат.
  4. Со рибите како прилог послужете компир салата.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk

Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Чајот од шипка како лек

Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?

Слабејте и уживајте: Смути со јаболка идеално за најавените горештини