ТОПЛА НАПИВКА: Чоколадно вино – она што ви треба во овие студени денови

ТОПЛА НАПИВКА: Чоколадно вино – она што ви треба во овие студени денови

Чоколадото и црвеното вино би требало да бидат дел од нашата исхрана, тврдат британски научници.

Со ова тврдење се сложуваме и ние, а дури и пронајдовме начин да ги соединиме овие сјајни производи во фантастична топла напивка.

Состојки за две порции:

  • 1,5 шолја млеко
  • 1 шолја црвено вино
  • 1/3 шолја сечкано црно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во сад соединете млеко и чоколадо и ставете на шпорет на средна температура.
  2. Постојано мешајте додека чоколадото во целост не се растопи, и додека не добиете густо чоколадно млеко. Ставете вино во садот и повторно загрејте ја напивката.
  3. Чоколадното вино послужете го во чаши или шолји и уживајте!

singlepost_text