Посна карамел торта со бисквити и овошје (ВИДЕО)

Посна карамел торта со бисквити и овошје (ВИДЕО)

Ќе бидете воодушевени од оваа торта!

Состојки:

  • 600 гр мелени посни бисквити + 100 гр цели бисквити
  • 5 лажици шеќер за пудинг
  • 100 гр шеќер за чај
  • 200 гр шеќер во прав (4 лажици за маргарин и 4 за ореви)
  • 400 гр ореви
  • 4 пудинзи од карамела
  • 100 гр растопено посно чоколадо
  • 300-400 гр шлаг
  • 600-700 гр киви
  • сок од 4 портокали
  • 1 л вода
  • 2 кесички ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Ставете вода во тенџере и додајте 4-5 лажици шеќер, ванилин шеќер, згответе пудинг и оставете да се излади.
  2. Разматете маргарин со 4-6 лажици шеќер во прав, па кога пудингот ќе се излади соединете. Измешајте мелени бисквити со мелени ореви, додајте 4-5 лажици шеќер во прав и сок од 4 портокали, потоа 100 гр растопено чоколадо, како и половина разматен маргарин и сè добро изедначете. По желба додајте неколку капки рум.
  3. Во тенџере растопете 100 гр шеќер, додајте 300 мл вода, оставете да се растопи и зоврие. Во послужавник редете бисквити, кои сте ги потопиле во врел чај. На нив со раце додавајте го прво темниот дел, а потоа светлиот дел од кремот, па исечени киви на тенки листови.
  4. Потоа повторно ставете дел од кремот, па на крај украсете со шлаг. Оставете во фрижидер неколку часа да стегне.

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text