Сигурни сме дека ќе ви се допадне ова традиционално јадење…
Состојки:
- 1 кг зелка
- 1 голема главица кромид
- 1 сува пиперка
- 4 компири
- бибер во зрно
- рузмарин
- сусам
- ким
- 1 лажичка пипер
- 1 лажичка толчкана лута пиперка
- 50 мл масло
- сув зачин
- 5-6 чешниња лук
- ловоров лист
Начин на подготовка:
- Зелката исечкајте ја. Во тенџере ставете масло и сечкан кромид и динстајте, потоа додајте сечкана зелка, ловоров лист, сува пиперка и динстајте со многу малку вода.
- Во чинија направете сува маринада за зелката. Исечкајте рузмарин, додајте сув зачин, бибер, 1 лажица сусам, лажичка ким, пипер, толчкана пиперка. Измешајте и сè додајте во зелката.
- Динстајте околу 30 минути а потоа пред крај додајте ситно сечкан лук. Измешајте и префрлете сè во земјен сад. Додајте во средина исечен компир на кругови, по желба. Прелијте со малку масло од горе, поклопете.
- Печете на 220 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити