Пилешки крилца на јапонски начин

Пилешки крилца на јапонски начин

Пилешките крилца во сочен сос ќе ве освојат при првиот залак.

Состојки:

  • 1,3 кг пилешки крилца
  • 2 јајца, благо разматени
  • 125 гр брашно
  • 200 гр путер

Состојки за сос:

  • 3 лажици соја сос
  • 3 лажици вода
  • 250 гр шеќер
  • 1/2 шолја оцет
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени.
  2. Крилцата преполовете ги, па извалкајте ги во јајца, а потоа во брашно.
  3. Загрејте путер во длабока тава на средна температура, па пропржете ги крилцата додека не добијат темна браун боја.
  4. Во сад измешајте соја сос, вода, шеќер, оцет, лук и сол.
  5. Крилцата наредете ги во намастен плех, па прелијте ги со подготвениот сос.
  6. Печете во загреана рерна 30-45 минути, повремено преливајќи го месото со сос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л