БАБИНА КУЈНА: Посна здрава чорба со посни кнедли (ВИДЕО)

БАБИНА КУЈНА: Посна здрава чорба со посни кнедли (ВИДЕО)

Направете посна чорба полна со витамини на која тешко ќе и одолеете.

Состојки:

  • 1 зелена пиперка
  • 2 моркови
  • 1/2 праз
  • 1 компир
  • малку карфиол
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици гриз
  • 1/2 прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте го празот, па пропржете го на масло, додајте сечкана пиперка и сечкани моркови, потоа карфиол, магдонос и на крај ситно сечкан компир. Налијте вода и згответе го зеленчукот.
  2. Во чинија ставете брашно гриз и прашок за пециво, додајте многу малку вода и измешајте во густа каша. Со лажица ставајте кнедли, гответе ги 5-6 минути да испливаат на површина и да омекнат.
  3. Додајте зачин, бибер и на крај ситно сечкан магдонос. Вашата чорба е готова…

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text