Направете неодолива шампита

Направете неодолива шампита

Подгответе го овој вкусен десерт кој сигурно ќе ве освои…

Состојки за кора:

  • 6 жолчки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици масло

Состојки за фил:

  • 6 белки
  • 24 лажици шеќер
  • 200 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги жолчките со шеќер, а потоа додајте млеко, брашно, масло и прашок за пециво. Сè убаво соединете и ставете во намастен плех. Печете на 200 степени околу 20 минути.
  2. Во тенџере ставете вода и шеќер, оставете да зоврие. Откако ќе зоврие гответе 5 минути. Поесебно разматете ги белките и полека ставајте го снегот од белки во врелиот сируп. Непрекинато мешајте со миксер. Матете околу 20 минути додека смесата не се излади и стане густа.
  3. Филот ставете го преку кората и вратете ја во рерна на 200 степени 2-3 минути. Колачот украсете го по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка