Еден од најубавите десерти може да се најде на вашата трпеза: Белградска торта со бадеми

Еден од најубавите десерти може да се најде на вашата трпеза: Белградска торта со бадеми

Со најубавата декорација, оваа популарна белградска торта со бадеми ќе стане вистински хит во вашиот топол дом…

Состојки за кора:

  • 6 жолчки
  • 180 гр шеќер
  • 125 гр бадеми
  • 8 белки
  • 70 гр брашно

Состојки за фил:

  • 10 жолчки
  • 210 гр шеќер
  • 50 гр брашно
  • шипка ванила
  • 1/2 л млеко
  • 230 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Разматете 6 жолчки со 180 гр шеќер, па додајте 125 гр мелени бадеми, снег од 8 белки и 70 гр брашно. Калапот претходно намачкајте го со путер, посипете го со брашно, ставете го тестото во него и печете.
  2. За филот, измешајте 10 жолчки со 210 гр шеќер, 50 гр брашно, додајте шипка ванила. Сè измешајте во помал сад и додајте половина литар млеко.
  3. Гответе го кремот на шпорет на среден оган, непрекинато мешајќи. Кога кремот ќе згусне тргнете го од шпорет и мешајте додека не се излади. Во така изладениот крем измешајте 230 гр путер. Печената торта исечете ја на три дела и филувајте ја со овој крем.
  4. Од околу и од горе намачкајте ја со истиот крем, па посипете ја со сечкани бадеми. До употребата, оваа торта чувајте ја на студено.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци