Грав со колбасица и сланина

Грав со колбасица и сланина

Подгответе вистинско гурманско јадење…

Состојки:

  • 100 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица масло
  • 1 конзерва од 850 мл бел грав
  • 200 гр испасиран домат
  • 300 мл супа од зеленчук
  • сол, бибер
  • 1/2 лажичка пипер
  • 2 колбасици
  • 1/2 лажичка мајоран
  • 250 гр павлака

Начин на подготовка:

  1. Сланината исечете ја на коцки. Исчистете го кромидот и исечкајте го. Во големо тенџере загрејте масло, па на него пропржете ја сланината. Додајте кромид, па издинстајте. Додајте грав и домат. Додајте супа. Зачинете со сол, бибер, пипер.
  2. Згответе супа од грав, па оставете ја на оган покриена околу 10 минути, повремено мешајќи. Колбасиците исечкајте ги. Ставете ги со зачинските билки во супата. Измешајте 200 гр кисела павлака. Супата уште еднаш загрејте ја, но не дозволувајте да зоврие.
  3. Супата послужете ја во длабоки чинии. Во секоја чинија ставете по 1 лажица од останатата кисела павлака, украсете со зачински треви и сервирајте.

На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?