Поховани банани со ванила крем

Поховани банани со ванила крем

Брзо и лесно до десерт кој ќе ве освои…

Состојки:

  • 2 банани
  • 3 жолчки
  • 1 шипка ванила
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 дл слатка павлака
  • јајца
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Бананите излупете ги и исечете ги на поголеми кругови. Секое парче извалкајте го во јајца, па во презла, па уште еднаш во јајца и повторно во презла, па пржете на добро загреано масло.
  2. Ванила кремот направете го така што три жолчки ќе разматите на пареа со шипка ванила и две кесички ванилин шеќер.
  3. Кога ќе се излади, добиената маса соединете ја со слатка павлака. Со кремот прелијте ги бананите и сервирајте.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?