Пиле со мешан зеленчук

Пиле со мешан зеленчук

Сочно пилешко месо со вкусен зеленчук!

Состојки:

  • пиле (1.2 кг)
  • сол, бибер
  • пипер
  • 150 гр кафиол
  • 150 гр боранија
  • 150 гр тиквици
  • 3 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • цимет
  • 250 мл пилешка супа

Начин на подготовка:

  1. Измијте го пилето, па исечете го на парчиња. Зачинете го со сол, бибер и пипер.
  2. Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечете го на мали парчиња. Ситно исечкајте кромид и лук. Ставете го зеленчкукот, кромидот и лукот во лонец. Зачинете со сол, бибер, пипер, цимет. Потоа налејте пилешка супа.
  3. Деловите од пилето ставете ги на зеленчукот. Поклопете го лонецот и ставете го во рерна. Печете го пилето на 220 степени околу 75 минути. Украсете по желба и сервирајте.

На здравје!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство