И МИРИС И ВКУС! Домашна пита со јаболка (ВИДЕО)

И МИРИС И ВКУС! Домашна пита со јаболка (ВИДЕО)

Подгответе пита или колач со јаболка со прекрасна кора и сочен фил…

Состојки за фил:

  • 5-6 големи јаболка
  • 1 лажица цимет
  • шеќер по вкус
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Состојки за тесто:

  • 2 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • изрендана кора од лимон
  • 1 прашок за пециво
  • 350 гр брашно
  • 200 гр маргарин или путер
  • 1 лажица екстракт од рум (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте кора од лимон, омекнат маргарин, прашок за пециво и околу 50 гр брашно. Матете со спирални жици, со постепено додавање на останатиот дел од брашното. Оставете го тестото да отстои во фрижидер околу 30 минути. За тоа време подгответе го филот.
  2. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, додајте ванилин шеќер и шеќер по вкус, цимет… сè крчкајте додека сокот од јаболката не испари.
  3. Тепсијата обложете ја со маргарин и брашно.
  4. Тестото премесете го и поделете го на два еднакви дела. Еден дел развлечете и ставете го на дното на тепсијата, потоа ставете фил од јаболка и израмнете, а од горе направете ленти од вториот дел од тестото.
  5. Печете во загреана рерна на 170 сепени околу еден час без вентилатор. Ако почувствувате дека питата добива јака боја од горе, а не сте сигурни дека е испечена, прекријте ја со фолија и продолжете со печење.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)