Чорба од праз

Чорба од праз

Оваа вкусна чорба е вистинска помош против зимскиот замор бидејќи празот го подобрува имунитетот и спречува настинки и инфекции.

Состојки:

  • 2 струка праз 
  • 30 гр путер 
  • 1,25 л вода 
  • 2 лажици гриз 
  • сол, бибер 
  • 1 жолчка 
  • свеж магдонос 
  • свеж копар

Начин на подготовка:

  1. Празот добро измијте го и исечкајте го на кругови. Загрејте путер во тенџере, додајте праз и поклопено со малку доливање на вода издинстајте. Кога празот ќе омекне, додајте ја потребната количина вода и сол, па гответе додека не зоврие. Додајте гриз и на слаб оган гответе уште 15 до 20 минути. 
  2. Кога ќе биде готова, измиксајте ја чорбата со миксер и додајте исечкан магдонос. Послужете во чинија и украсете со гранчиња свеж копар и сечкан свеж праз.

На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

 

singlepost_text