Мексиканско бурито

Мексиканско бурито

Внесете го вкусот на Мексико во вашиот дом…

Состојки:

  • 350 гр мелено јунешко месо
  • 100 гр кромид
  • 1 конзерва сечкан домат
  • 300 гр жолти и црвени пиперки
  • 100 гр црвен грав
  • 100 гр пченка шеќерка
  • 2 лажици масло
  • 3 лажички вегета
  • 1 пакување од 8 тортиљи

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло кратко, па додајте месо и една лажичка вегета и динстајте налевајќи вода (15-20 минути).
  2. Додајте домат од конзерва, пиперки исечкани на коцки и продолжете со пржење уште 15 минути.
  3. Пред крајот додајте црвен грав (може и од конзерва), зготвена пченка шеќерка, останатата вегета и малку магдонос.
  4. Тортиљите благо загрејте ги во рерна, внимавајте да не се препечат, треба да останат меки. На секоја тортиља ставете по 2 лажици прелив, свиткајте и послужете.

На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)