Рибини плескавици за на скара

Рибини плескавици за на скара

Со сочните плескавици послужете свежа салата. Вкусот е неверојатен!

Состојки:

  • 1 кг риба (ослиќ)
  • зеленчук за супа
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • пипер
  • 4 јајца
  • 2 чешниња лук
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот за супа згответе го во солена вода. Кога ќе омекне, додајте исчистена риба и гответе додека рибата не омекне.
  2. Исцедете ја водата, месото одвојте го од коски и заедно со зеленчукот ситно исечкајте го. Додајте ситно сечкан кромид и лук, бибер, пипер, јајца и посолете. Добро измешајте и обликувајте плескавици.
  3. Плескавиците печете ги на скара или пропржете ги на врело масло. Сервирајте со салата од компир или свежа салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л