Домашен пудинг од ванила

Домашен пудинг од ванила

Засладете се со домашен пудинг со вкус на ванила. Послужете го со овошје или прелијте го со чоколадо.

Состојки:

  • 2 шолји млеко
  • 1/2 шолја бел шеќер
  • 3 лажици пченкарен скроб
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица путер или маргарин

Начин на подготовка:

  1. Во средно тенџере на умерен оган згответе млеко. За тоа време, во друг сад измешајте шеќер, скроб и сол. Ставете го во жешкото млеко, истовремено мешајќи за да не се појават грутки.
  2. Продолжете со готвење и мешајте додека смесата не згусне доволно.
  3. Тргнете го од шпорет и во смесата измешајте путер и ванила. Ставете во разладени чинии и послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта