Посни полнети пиперки: Совршен ручек, повкусен од месо

Посни полнети пиперки: Совршен ручек, повкусен од месо

Во деновите на пост не морате да се откажете од омиленото јадење – заменете го месото со зеленчук и ќе биде повкусно!

Состојки:

  • 10 пиперки
  • 200 гр ориз
  • 200 гр грашок
  • 200 гр моркови
  • 1 главица лук
  • 1 главица кромид
  • 3 компири
  • 2 дл масло
  • 2 лажици брашно
  • магдонос
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Грашакот и оризот згответе ги одвоено, а пиперките исчистете ги од семки. Во посебен сад на масло пропржете кромид, лук и моркови (претходно сè сомелете), па додајте зготвен ориз и грашок.
  2. Измешајте и зачинете по вкус, а потоа со подготвената смеса полнете ги пиперките. Секоја затворете ја со парче компир, наредете ги пиперките во во сад и прелијте ги со бел сос.
  3. Сосот се подготвува така што на масло ќе пропржите брашно, ќе додадете вода и ситно сечкан лук и зачини по вкус.
  4. Пиперките запечете ги во рерна околу 45 минути на температура од 200 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

 

 

singlepost_text