Посна салата со ајвар и зеленчук (ВИДЕО)

Посна салата со ајвар и зеленчук (ВИДЕО)

Рецептот за највкусна посна салата е пред вас…

Состојки:

  • 12 лажици ајвар
  • 4-5 компири
  • 5 помали моркови или два поголеми
  • 200 гр пченка
  • 200 гр грашок
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Морковите и грашокот ставете ги да се варат додека водата не зоврие, додајте компири и лажичка сол. Гответе го зеленчукот да омекне и пред крај додајте пченка. Гответе уште две минути и процедете го зеленчукот. Водата можете да ја искористите за супа.
  2. Изладениот зеленчук (компир, морков), исечкајте го на коцки и ставете го во чинија, додајте грашок, пченка и ајвар. Сè добро измешајте и декорирајте по желба. Во салатата можете да ставите туна и посен мајонез, а ако не постите сечкана салама, кулен, сирење.

Погледнете го видеото!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

singlepost_text