Ориентални ќофтиња

Ориентални ќофтиња

Мноштвото ориентални зачини ги прават овие ќофтиња необични и исклучително вкусни.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 гранче мајчина душица
  • сув леб
  • 1 јајце
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 лажичка пипер
  • 1 лажичка чили во прав
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 1/2 лажичка куркума во прав
  • 1/2 лажичка ким во прав
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица сенф
  • 30 гр рендан ѓумбир
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте лук и мајчина душица, а лебот натопете го да омекне, исцедете го, измешајте го со лук, мајчина душица, јајце, месо, зачини, сенф и ѓумбир. 
  2. Од смесата со влажни раце обликувајте 24 ќофтиња. Загрејте масло и пржете ги ќофтињата од сите страни.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)