Најдобриот брауни колач кој некогаш сте го пробале! (ВИДЕО)

Најдобриот брауни колач кој некогаш сте го пробале! (ВИДЕО)

Направете го овој превкусен колач. Нема да згрешите! Не се потребни повеќе од дваесетина минути да го подготвите овој вкусен брауни колач.

Состојки:

  • 4 јајца
  • кора од една мандарина или портокал
  • 1 рака ореви
  • малку рендан ѓумбир
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 4 лажици какао
  • 4 лажици брашно

Начин на подготовка:

  1. На путерот додајте му растопено чоколадо. Додајте шеќер, брашно, прашок за пециво, какао и на крај јајца. Добро разматете.
  2. Разлејте ја смесата во плех на кој сте ставиле хартија. Посипете рамномерно ореви и рендана кора од мандарина или портокал.
  3. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта