Пиперки полнети со туна

Пиперки полнети со туна

Пробајте полнети пиперки на малку поинаков начин…

Состојки:

  • 8 пиперки
  • 250 гр туна
  • 8 лажици ориз
  • 2 домати
  • 3 компири
  • 4 моркови
  • 2 главици кромид
  • пипер
  • бибер
  • сув зачин
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте го кромидот, тргнете го од шпорет, додајте го зеленчукот кој претходно сте го исечкале на коцки, потоа оризот и туната, па сè добро измешајте.
  2. Зачинете со лажичка пипер, сув зачин, бибер и оригано, па со таа смеса наполнете ги пиперките.
  3. Ставете ги во благо намастен сад и прелијте ги со вода. Печете половина час во загреана рерна на 200 степни.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка