Леб со млеко

Леб со млеко

Исклучително меко и вкусно пециво…

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1/4 л млеко
  • половина коцка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 60 гр путер
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. Квасецот измешајте го со шеќер, лажичка брашно и малку млако млеко, па оставете го да скисне. Остатокот од млекото загрејте го и во него растопете маргарин.
  2. Во поголем сад измешајте брашно, квасец, сол и млеко со маргарин и замесете глатко тесто. Ако е потребно, додајте малку млака вода. Добро изработеното тесто оставете го на топло да нарасне додека двојно не се зголеми.
  3. Повторно измесете го, обликувајте леб, ставете го во намастен плех, покријте го со крпа и оставете го да одмори 30-45 минути.
  4. Површината на лебот премачкајте ја со жолчка разматена со малку млеко и печете на 220 степени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Зелка на поинаков начин

Бујурди – топено сирење

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брускети помодоре

ВИДЕО: Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз

Брзо мезе за ненајавени гости