Посна бела торта преполна со чоколадо: Лесна како сон, готова за момент!

Посна бела торта преполна со чоколадо: Лесна како сон, готова за момент!

Кој ја пробал, побарал уште едно парче…

Состојки:

  • 1 пакување розен кори
  • 1 л соино млеко со вкус на ванила
  • 3 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
  • 200 гр бело посно чоколадо
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200 гр печени мелени лешници
  • 1 л билна слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Пудингот разматете го во малку студено соино млеко (можете да додадете 2-3 лажици шеќер). Остатокот од соиното млеко ставете го да зоврие и згответе пудинг. Тргнете го од оган и во врелиот пудин измешајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека не се растопи. Оставете да се излади.
  2. Пенесто разматете маргарин со шеќер во прав. Разладениот пудинг соединете го со шеќер во прав во пенестата маса. Потоа додајте лешник и матете уште малку.
  3. Посебно разматете ја билната слатка павлака. Филувајте на следниов начин: кора – фил – слатка павлака, и така додека не се потроши материјалот. Завршете со слатка павлака.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки