Печени компири со крем сирење

Печени компири со крем сирење

Меки и вкусни компири во комбинација со крем сирење се одличен прилог за јадења со месо, а ако се послужат со салата можат да бидат и главно јадење

Состојки:

  • 4 компири
  • 150 гр крем сирење
  • 100 гр павлака
  • масло
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, исушете ги и избодете ги со вилушка, премачкајте ги со масло и посолете ги. Подготвените компири ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, од прилика 50 минути.
  2. За тоа време во помал сад ставете кисела павлака, додајте свежо крем сирење, зачинете со сол и бибер, и сè заедно измешајте со жица. Вака подготвеното полнење ставете го во фрижидер да се излади.
  3. Компирите ставете ги на чинии со листови зелена салата, наполнете ги со фил од сирење и послужете.

На здравје!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство