Снег или сонце? – викенд временска прогноза

Снег или сонце? – викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла.Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе биде во постапен пораст.

Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта