Посна салата со туна и компири

Посна салата со туна и компири

Направете вкусна салата со туна и комприри…

Состојки:

  • 1 конзерва туна
  • 4 компири
  • 250 гр посен мајонез
  • 3 кисели краставички
  • неколку црни и зелени маслинки
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги со лушпа. Кога ќе се изладат, исчистете ги и исечете ги на коцки.
  2. Во поголема чинија измешајте сечкани варени компири, сечкани краставички, туна, мајонез и сечкан магдонос. Посолете, побиберете и оставете во фрижидер да отстои два часа.
  3. Пред послужување декорирајте со зелени и црни маслинки. Послужете со леб.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство