Сопственичка на ресторан му дала работа на бездомник: Две недели подоцна сфатила дека…

Сопственичка на ресторан му дала работа на бездомник: Две недели подоцна сфатила дека…

Во март 2016 година, бездомник залутал во ресторан во Минеаполис. Таму налетал на сопственичката Цесија Абигејл и ѝ побарал пари.

„Зошто немаш работа“ – го прашала Цесија. „Знаеш дека на мене ништо не ми е дадено бесплатно?“

Бездомниот маж Маркус, ѝ објаснил дека колку и да сакал да се вработи, работодавачите не му давале шанса поради полициското досие. Често крадел за да може да се прехрани.

Но, наместо да го одбие, таа му понудила работа.

„Ми требаше персонал тој ден и решив на Маркус да му понудам работа“ – изјавила таа за новинарите.

Маркус возвратил дека е во состојба да направи сѐ за храна.

По две недели тој редовно доаѓал на работа во неговата двочасовна смена, помагајќи да се исфрли ѓубрето, да се измијат садовите итн.

Откако му платила за трудот, тој купил храна од нејзиниот ресторан затоа што „така се чувствувал убаво“.

Со ново чувство на самопочит и достинство, Маркус редовно давал половина од купените сендвичи на една бездомна жена.

„Господ ми го даде овој благослов, па зошто и јас да не го споделам со други“ – рекла Цесија.

Повеќе на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text