КОЛАЧ ВО ТРИ ПОТЕЗИ: Чоколаден грев кој не се одбива!

КОЛАЧ ВО ТРИ ПОТЕЗИ: Чоколаден грев кој не се одбива!

Има ли нешто поубаво од сочен чоколаден колач и домашно кафе? Пробајте ја оваа комбинација, па кажете ни дали ви се допаѓа.

Состојки:

  • 200 гр црно чоколадо
  • 250 гр маргарин или путер
  • 6 јајца
  • 3 лажици какао
  • 500 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • густин
  • 1 лажица инстант кафе
  • шлаг

Начин на подготовка:

  1. На пареа растопете ги чоколадото и маргаринот, па додајте 3 жолчки полека готвејќи. Во одвоен сад разматете 3 белки па разматени измешајте ги со оваа смеса. Додајте какао.
  2. Сè ставете во калап за торти па печете на 200 степени околу 30 минути.
  3. Во 500 мл млеко згответе 3 јајца, шеќер и густин. Кога ќе се направи пудинг ставете една лажица инстант кафе, па добро измешајте. Во посебна чинија разматете шлаг пена па додајте ја во овој фил.
  4. Филот ставете го на чоколадната подлога, па посипете со какао.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Рафаело торта – рецепт кој сите ќе ви го бараат

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text