Шарена компир салата

Шарена компир салата

Вкусна салата со компири и јаболка…

Состојки:

  • 1 кг компири (варени и излупени)
  • сок од 2 лимони
  • 2 главици кромид
  • 1 кисела краставичка
  • 2 црвени јаболка
  • масло
  • бибер
  • сол
  • 1/4 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  1. Варените компири и кромидот исечете ги на кругови, посолете ги, прелијте ги со масло, додајте јаболка, сечкани на кругови и кисела краставичка.
  2. Прелијте со сок од лимон, побиберете, додајте малку шеќер, добро измешајте, разладете, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

singlepost_text