Наместо путер, млеко и шлаг: Посни замени за млечни производи

Наместо путер, млеко и шлаг: Посни замени за млечни производи

Овие вкусни варијации можете да ги користите постојано…

Путерот можете да го замените со овошно пире

Ако печете колачи, наместо путер можете да употребите овошно пире, најдобро од банана, круша, ананас… Имајте на ум дека треба да ја намалите количината на шеќер според рецептот, поради оној кој во колачот ќе го внесете со овошјето.

Исфрлете го млекото од рецептите

Наместо кравјо млеко, користете млеко од друго потекло – соино, кокосово, бадемово млеко.

Варијации наместо павлака и шлаг

Ако по рецепт за некој десерт потребна ви е слатка павлака, заменете ја со кокосово млеко или пасирано авокадо. За целосен вкус на матен шлаг, обидете се со пире од индиски ореви – добро измијте ги, па сомелете ги во бледнер додавајќи сок од јаболка. На крај, зачинете со ронка сол и екстракт од ванила.

Повеќе на Готви.мк:

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки