Салата со пилешко и тестенини

Салата со пилешко и тестенини

Тестенини со пилешко збогатени со аспарагус и пикантен сос.

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • аспарагус
  • целер
  • 200 гр сечкано, варено пилешко месо
  • 1 шолја сечкан свеж магдонос
  • 125 мл маслиново масло
  • 2 лажици оцет
  • 2 лажици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 40 гр крупно рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги тестенините во тенџере со зовриена, посолена вода, а потоа исцедете ги и измијте ги во студена вода. Повторно процедете ги и префрлете ги во поголем сад.
  2. Во меѓувреме добро загрејте ја ринглата. Пропржете аспарагус со маслиново масло. Пржете мешајќи 4 минути или додека не омекнат. Префрлете ги на даска за сечење и исечете ги на 5 см должина.
  3. Во тестенините додајте аспарагус, целер и пилешко месо, измешајте и сервирајте на чинија.
  4. Во блендер ставете магдонос, оцет, кромид и лук и блендирајте додека не добиете глатка смеса, а потоа со тој сос прелијте ја пастата. Посипете со рендан пармезан и вашата лесна паста е готова.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство